Кон крајот на минатата година, Кина имаше 1,17 милијарди единствени корисници на мобилната технологија.

Кина веќе подолго време се профилира како еден од најважните пазари, ако не и најважниот пазар за мобилни уреди. Кон крајот на минатата година, Кина имаше 1,17 милијаарди единствени корисници на мобилната технологија.

Следната, 5G генерација на мобилни мрежи треба да донесе уште посилен и поголем замав на кинескиот пазар на мобилни уреди.

До 2025 година кинеските власти сметаат на 460 милиони корисници, некои од идните 5G мобилни мрежи, а генераторот на растот треба да бидат и Зимските олимписки игри кои во 2022 година ќе се одржат во Пекинг.

52 милијарди долари за инфраструктура

Во текот на 2018 година во Кина речиси 69 % од луѓето поседувале паметен телефон, што е процент кој до 2025 година треба да порасне до 88%.

За инфраструктурата поврзана со 5G мрежите, кинеските телекомуникациски оператори ќе вложат околу 52 милијарди американски долари.

Извор: Telegraf.rs