Според информациите кои ги објави @OnLeaks, Samsung Galaxy A90 ќе има 6,73-инчен екран. Споменатиот дисплеј нема да им ни засек, punch-hole отвор, како што потврди официјалниот сајт на Samsung. Наместо тоа, селфи камерата ќе биде сместена во pop-up, слајдер механизам.

Екранот ќе има тенки рамки, од 1,2 мм отстрана и 3,6 мм во дното. Смартфонот според големината би требало да биде споредлив со Galaxy S10 5G моделот, кој исто така има 6.7-инчен 19:9 екран.

Galaxy A90, исто така, би можел да ја позајми опцијата за брзо полнење од 25W од Galaxy S10 5G премиум моделот. Базирано на претходно протечените информации, Galaxy A90 ќе има батерија со капацитет од 3610mAh.

Исто така, потребно е да се истакне дека неколку снабдувачи сугерираа дека телефонот ќе се вика Galaxy A80, а не Galaxy A90, а дали ова ќе се обистини веројатно ќе дознаеме на почетокот на април.