Instagram оди малку подлабоко во областа на трговијата и овозможува купување производи без напуштање на апликацијата. Функцијата за купување првично ќе биде ограничена и во бета фаза, исклучиво во САД, во кој ќе учествуваат повеќе од 20 брендови, вклучувајќи ги и Adidas, Nike, Zara, Kylie Cosmetics, Uniqlo, Burberry, H & M, Mac, Prada и Michael Kors. Повеќе брендови ќе се придружат во наредните месеци.
Кога ќе допрете на обележаниот производ за да ги видите деталите, во наредните недели некои корисници ќе ја видат етикетата “Checkout on Instagram”. Кога ќе бидете подготвени да купите, ќе можете да ги внесете вашите платежни податоци и да го потврдите вашето купување. Ќе биде можно да се зачуваат платежните информации за идните трансакции и да се менаџираат нарачките директно од Instagram. Опциите за плаќање вклучуваат кредитни картички и PayPal. Како Instagram ќе ја прави оваа опција достапна – ќе поддржува платформи за е-трговија, како што се Shopify, BigCommerce, ChannelAdvisor и CommerceHub.
Директната опција за наплата на Instagram некое време изгледаше неизбежна. Околу 130 милиони луѓе секој месец бараат детали за трговските постови за да ги откријат етикетите на производите, што претставува зголемување од 40 милиони од септември, кога опцијата за купување се појави на Expore страницата. Од перспектива на Instagram, додавањето опција за купување предмети директно во апликацијата треба да ги спречи луѓето да одат на надворешен сајт за купување и со тоа можеби ќе ги задржат на платформата за споделување на слики уште малку подолго.