Најпознатиот произведувач на дронови, кинескиот “DJI” го претстави своето ново беспилотно летало кое го носи името “Mavic Air”.

Станува збор за своевиден изум кој е комбинација од минијатурниот “DJI Spark” и прилично скапиот “Mavic Pro”.

“Mavic Air” е дрон кој може да се склопи, а истиот е со големина на просечен паметен телефон. Наспроти своите мали димензии, овој дрон може да снима 4К видеа и да прави 12-мегапикселни фотографии. “Mavic Air” може да остане во воздух до 21 минута и да лета со брзина од 68,4 километри на час.

Најголемата предност на овој уред е тоа што моментално е најмалиот дрон со стабилизатор во три оски и систем за избегнување на препреки со седум камери и во три насоки. Може да лета на надморска височина од 5 илјади метри, а доаѓа во три бои – бела, црна и црвена.

Според најавите, камерата на “Mavic Air” е прилично моќна – таа може да снима HDR фотографии, како и VR фотографии со големина од 32 мегапиксели преку автоматско ротирање во воздухот за да создаде една фотографија.

Уредот поседува 8 GB интерна меморија, со влез за Micro SD картичка. Новиот далечински управувач кој доаѓа со овој дрон е уште помал од претходниот бидејќи идејата е да се носат сите компоненти на дронот во ранец или дури во вашиот џеб.

Погледнете го видеото:

Извор: Telegraf.rs