Motorola го има задоволството да објави дека moto g7 семејството веќе е дел од Android Enterprise Recommended програмата. Ова гарантира дека седмата генерација moto g смартфони e строго во согласност со барањата дефинирани од Google кои целосно ги задоволуваат потребите на современиот бизнис. Меѓу нив се минимум хардверски спецификации, поддршка за поставување на голем број Android уреди, обезбедување на ажурирања за безбедноста на Android уредите во рок од 90 дена од нивното објавување од страна на Google за период од минимум три години.
Телефоните од moto g7 семејството ви даваат најбрзи перформанси и најинтелигентното и најизвонредното moto g искуство до сега. Тие одново го потврдуваат ангажманот кој Motorola стрикно го следи, а тоа е да нуди премиум карактеристики по достапна цена. Со moto g7 power располагате со батерија за до 72 часа (3 дена). Благодарение на moto g7 plus можете да правите јасни слики, со чисти детали благодарение на оптичката стабилизација и софтверот на камерата кој гарантира слики со одличен квалитет дури и при ограничена светлина. moto g7 е за 50 проценти побрз од претходните генерации.
Moto g7 телефоните нудат карактеристики кои обично се резервирани за висока класа на уреди. Тие обезбедуваат квалитет и сигурност кои гарантираат дека поврзувањето на работната сила никогаш не било полесно. Сето тоа по цена која ги прави разумно и достапно бизнис решение.
Moto g7 power: Моќна батерија за да не пропуштите ниту еден важен разговор или email
Moto g7 power е создаден за да го реши најболниот проблем на сите смартфон корисници – животот на батеријата. Тој доаѓа со 5000 mAh батерија, импресивна за целата индустрија. Тоа значи дека располагате со батерија за 60 часа (2,5 дена) со само едно полнење. Кога сепак батеријата ќе се потроши, добивате енергија за со часови со само неколку минути со TurboPowerTM уредот за полнење.
Moto g7 plus: Моќни перформанси и одлична камера со оптичка стабилизација
Новиот moto g7 plus со мобилната платформа Qualcomm® Snapdragon™ 636 е олицетворение на квалитет и брзи перформанси. Тој е создаден да го следи интензивниот бизнис ритам. Оние од вас кои се постојано во движење можат да бидат сигурни дека нема да пропуштат важен email, разговор или ажурирање, благодарение на батеријата која издржува цел ден и брзото 27W TurboPowerTM полнење кое обезбедува енергија за 12 часа по само 15 минути во штекерот.
За повеќе информации посетете го сајтот www.motorola.com.