По околу пет години развој, креаторите на првиот кружен паметен телефон го презентираа својот пронајдок на светот.

Се работи за Cyrcle Phone, веројатно еден од најнеочекуваните уреди претставени на Саемот за електроника, CES 2020 во Лас Вегас.

Првичната идеја била создавање поудобен телефон од вообичаените, кој би се вклопил во секој џеб без проблеми. Сепак, ова сè уште е само прототип, а првиот вистински кружен телефон би требало да излезе во продажба нареднаtа година, доколку сè оди според очекувањата.

Не се очекуваат промени во дизајнот, но она што е речиси сигурно е дека уредот ќе има два 3,5-милиметарски приклучоци за слушалки, на спротивни страни од апаратот.

Следно што треба да се направи е прилагодување на Андроид оперативниот систем со вообичаените апликации со кружниот екран.