DisplayMate нуди опширни и сеопфатни анализи на екраните на различните потрошувачки производи, вклучувајќи ги и телефоните. Компанијата претходно награди неколку премиум модели на Samsung со рекордни тест резултати, а истото сега го направи и до најновата Galaxy S10 серија.

DisplayMate потенцира дека Dynamic AMOLED дисплејот на Samsung има многу висока прецизност на боите, која е речиси перфектна. Исто така, речиси совршен е и контрастот на сликата и прецизноста на интензитетот на скалирање. Galaxy S10 нуди и рекордно висок мод на осветлување, кој изнесува 125 нита, што р 17 проценти посветло од она што го нуди Galaxy S9.

Galaxy S10 дисплејот забележа и подобрени перформанси при прегледот под агли, подобрен спектрум на сино светло, подобра контрола на потрошувачката на екранот, како и подобрен перформанси за HDR+ динамичкиот распон.

Комплетната DisplayMate анализа на екранот на Galaxy S10 е достапна тука.