Microsoft ја објави првата јавна верзија на апликацијата Your Phone за бета тестери на Windows 10. Таа е дел од привју верзијата 17728 и ќе биде достапна за учесниците во програмата Windows Insider во наредните денови. Во моментов Your Phone поддржува исклучиво трансфер на слики од уреди со Android кон компјутери со Windows 10.

Останатите додатоци како примање и испраќање на SMS и читање на известувањата на телефонот, кои беа најавени за време на конференцијата Build, ќе се пласираат етапно во наредните бети, а јавно издание на софтверот се очекува со следната голема надградба на Windows 10.

Во моментот апликацијата работи само со уреди со Android, иако Microsoft најавија и опција за iOS.