За AR уредот на Apple последен пат се зборуваше како за посебен уред со сопствен процесор, но сега се чини дека AR очилата, сепак, би требало да станат додаток за iPhone.

Аналитичарот на компанијата TF Securities, Минг-Чи Куо верува дека Apple би можел да претстави AR очила во 2020. година. Тие би работеле воглавно како екран, додека при функционирањето би зависеле од iPhone, со кој би биле поврзани по безжичен пат.

Куо претходно одлично ги прогнозираше потезите на Apple, а сега вели дека компанијата би можела да почне да ги произведува AR очилата во четвртиот квартал оваа година, за да се подготви за продажба следната година. Меѓутоа, евентуалните проблеми би можеле да го одложат производството за вториот квартал во 2020. година.

 

Очилата со проширена реалност би имале многу смисла за Apple, а директорот на компанијата Tim Cook неколку пати изрази оптимизам во врска со тоа што може да направи AR технологијата во иднина.

Сепак, за очилата се знае многу малку. Се верува дека можеле да понудат AR и VR искуства, но не е јасно како, бидејќи се работи за различни работи. AR овозможува да бидете присутни во реалноста, додека VR ве води во виртуелен свет и ве исклучува од реалниот свет.

AR очилата би можеле да користат посебен rOS оперативен систем и да имаат сопствен App Store за апликации.