Тим од германски научини именувал нов вид на паразитски оси по вонземското чудовиште од популарниот научно фантастичен филм “Осми патник“.

Во филмот, малото чудовиште излегува од градниот кош на главните актери, сеејќи хаос и страв.

Според една нова студија објавена во вторникот, паразитските оси во текот на милиони години користеле слични тактики како горенаведеното чудовиште.

Паразитските оси прават домаќини од други инсекти исто како во филмот “Осми патник“, несејќи јајца во своите домаќини. Како што расте младата оса, таа одвнатре го јаде својот домаќин и често излегува на површина преку абдоменот на домаќинот.