Апликацијата на Google, Lookout за идентификација најавена минатата година сега стана достапна за Pixel уредите во САД.
Компанијата Lookout минатата година ја најави новата апликација под името Lookout, наменета за лица што не гледаат добро. Апликацијата ја користи AI технологијата за идентификација на предмети преку камерата на смартфонот, може да ги “чита” сообраќајните знаци и натписи, да ги скенира бар кодовите и да ги идентификува валутите. Оваа недела Google најави дека Lookout конечно ќе биде достапен за преземање, но само за Pixel уредите во САД.
Откако апликацијата беше најавена минатата година, Google ја тестираше и го подобри квалитетот на нејзините резултати. Компанијата напоменува дека и покрај новата технологија, Lookout нема секогаш да дава 100 проценти точни резултати.
За да ја користи апликацијата Lookout, на корисниците на Google им се препорачува да го носат својот Pixel уред околу вратот или сместен во предниот џеб на јакната и сакото. На тој начин, камерата на смартфонот ќе биде слободна и ќе може да забележува детали од околината, а со тоа и да ги идентификува предметите и текстот во ситуации кога луѓето би барале помош од други.
Се уште не е познато дали апликацијата ќе биде достапна на други уреди, освен на оние на Google, но компанијата се надева дека апликацијата наскоро ќе пристигне на повеќе уреди, во повеќе земји и на повеќе платформи.