Компанијата Orbital Marine Power ја подготви својата најнова пловна турбина која е подготвена за работа.

Кога турбината ќе биде споена со Европскиот поморски енергетски центар, пловната турбина од 2 MW ќе има капацитет да создава доволно енергија за напојување на 2000 домаќинства во Велика Британија годишно, што значи дека ќе стане една од најмоќните пловни турбини кои се користат во моментов.

Развојот на турбината почна во 2019. година, а базирана е на претходната SR2000 генерација. Новиот модел е долг речиси 73 метри и е споен со две турбини со пропелери со должина од 9,7 метри, кои можат да се свртуваат за 360 степени. Тоа овозможува собирање на енерхија од струјата без потреба за поместување кога струите ќе го променат правецот. Во иднина ќе биде можно да се вградат уште поголеми пропелери.

Собирање на енергијата од океанот е нешто за што Велика Британија веќе долго време размислува.