Францускиот производител на автомобили „Бугати“ на автосалонот во Женева претстави уникатен автомобил со кој му оддаде почит на легендарниот предвоен Bugatti Type 57 SC Atlantic.

Покрај тоа што е најскапиот автомобил изложен на женевскиот саем на автомобили, Bugatti La Voiture Noire стана најскапиот нов автомобил на сите времиња, бидејќи се продава однапред за 16,7 милиони евра.

Bugatti La Voiture Noire (црн автомобил) е окарактеризиран како „ултимативен ГТ автомобил” и се базира на стандардната верзија на Bugatti Chiron.

Во согласност со неговото име обоен е во црна боја, а рачно изработената каросерија е изработена од јаглеродни влакна.

Од „Бугати“ велат дека при дизајнирањето најмногу внимание посветиле на аеродинамиката на возилото, со цел автомобилот да има што поголема флуидна линија.