Популарниот YouTube канал JerryRigEverything на својот вообичаен тест за издржливост го имаше најголемиот и најсилниот таблет од новата линија Galaxy Tab S8 на Samsung.

Galaxy S8 Ultra може да се пофали со 14,6-инчен Super AMOLED екран, има метална рамка и има паметно пенкало кое беше првото на удар. По распакувањето на таблетите, Зак го скрши S Pen на два дела, покажувајќи ни дел од елементите што го сочинуваат овој уред.

Екранот на таблетот е подложен на вообичаениот тест за гребење и покажува стандардни резултати. Гребнатините се видливи на шестото ниво од скалата на Мос, додека подлабоките засеци започнуваат од седмото ниво.

Екранот е отпорен и на топлина, па откако пламен од запалка директно е применет на екранот, гледаме дека AMOLED панелот издржал околу 25 секунди, по што е видливо трајно оштетување.

Видовме и како металната рамка се снајде под сечилото, но она што е веројатно најинтересно е како Galaxy Tab S8 Ultra се справи со тестот за јачина на структурата. Обидот за свиткување на уредот од двете страни не го оштети трајно и таблетот остана целосно функционален.