Twitter подготвува опција која на корисниците ќе им овозможи подобро модерирање на расправите под содржината што ја споделиле на платформата, што вклучува и криење на твитовите на други корисници.

Мишел Јасмин Хак, сениор менаџерка за производи во Twitter, откри дека платформата открива нова опција која ќе го забрза текот на расправите и ќе придонесе за создавање поквалитетна расправа на профилите на корисниците.

Имено, корисниците што споделиле некоја содржина ќе можат да сокријат твитови напишани како одговор на содржината. Тоа ќе можат да го направат преку опцијата „Hide Tweet“, која корисниците ќе можат да ја користат покрај постојните опции, како блокирање, замолчување и пријавување.

Веднаш по најавата на новата опција одредени корисници на оваа социјална мрежа го изразија своето незадоволство, истакнувајќи дека тоа би можело да послужи како средство за цензура. Меѓутоа, корисниците и понатаму ќе можат да ги гледаат скриените твитови и тоа преку посебно мени.

Јавното тестирање на опцијата ќе почне во наредните месеци.

Извор: B92.net