Microsoft работи на оптимизирана верзија на оперативниот систем Windows наменет за dual-screen уреди, односно на ускладување на корисничкиот интерфејс со овој тип на екрани.

Windows Lite, како што гласи работниот наслов, е редуцирана верзија на Windows што на почетокот беше приоритет за уредите со двоен екран.

Microsoft постепено ги создаваше новите Composable Shell (C-Shell) и Windows Core OS, модуларната верзија на постоечкиот Windows Shell со чија помош денес работат многу делови на Windows 10.

Делови од овој Windows Core OS сега ги придвижуваат хардверите како HoloLens 2 и новиот  Surface Hub 2X на Microsoft.

Интерфејсот на Windows Lite ќе биде сличен со денешниот Windows, но ќе има повеќе комбинации од она што Microsoft го прави со Surface Hub shell и ограничена функционалност на корисничкиот интерфејс за Windows Phone Continuum.

Уште не е познато кога Microsoft ќе го претстави Windows Lite или како ќе се вика конечната верзија. Производителот на софтвер со години експериментира со овие идеи.

На почетокот на мај Microsoft ќе ја одржи конференцијата Build во Сиетл, што би била совршена прилика да почне да открива делови од својата стратегија за Windows Lite.

Извор: The Verge