Јапонските научници претставија прототип на влакна кои можат да примаат и пренесуваат информации. Со помош на нив можете да креирате паметна облека, која ќе дава информации за вашето тело.

Развојот беше презентиран од страна на специјалисти од Универзитетот Кансаи и компанијата Teijin Limited. Нивниот новитет всушност се состои во  ткаени тенки жици, опремени со сензори. Со помош на овие жици може да се добијат информации за температура, отчукување на срцето, притисок и други работи од човековото тело. Ако ги вткаеме во облека, тие ќе можат да пренесат информации за индикаторите на организмот.

Според научниците, таквите влакна можат да се користат во медицината, спортот, да се развиваат облеки од новата генерација и други работи. Плетените жици со сензори не се погодни за сите видови облека, но се идеални за кимона, кои се национален јапонски костим. Според креаторите на паметните влакна, тие сега работат со модни дизајнери од Франција и Италија за да развијат нов вид убава, удобна и високо-технолошка облека.