Кина има намера во 2020 година да ја претстави новата генерација Maglev возови, соопштија локалните медиуми.

Треба да се нагласи дека оние кои чекаат возови со рекордни брзини ќе треба да почекаат уште, бидејќи новите ќе бидат всушност Maglev возови со средна брзина, но тоа не значи дека не се импресивно брзи.

Возовите ги прави кинеската компанија CRRC Zhuzhou Locomotives Co. Ltd. и ова ќе биде нејзина трета генерација Maglev возови.

Новоразвиениот прототип ќе дистигнува брзина од 200 км/ч, што е за 40 километри побрзо од верзијата 2.0 и двојно побрзо од верзијата 1.0.

CRRC Zhuzhou е подружница на China Railway Rolling Stock Corporation, еден од најголемите производители на возови во светот.

Верзијата 1.0 се користи веќе две години во Чангши, главниот град на кинеската провинција Хунан, а верзијата 2.0 се склопува и тестира во овој град. Меѓутоа, ниту еден од овие возови не може да функционира без човечки управувач, а новиот воз ќе може.

Maglev возовите со средна брзина се дизајнирани да го подобрат градскиот транспорт, додека побрзите возови примарно се користат за поврзување на поголемите гардови.

Во споредба со традиционалните возови, Maglev возовите се побезбедни, потивки се од 70 децибели, односно од просечна правосмукалка.

Третата генерација Maglev возови ќе имаат поголем капацитет, ќе се движат побрзо и ќе имаат подобар перформанс на нагорнини.

Новиот воз ќе има „помоќен мозок“ од претходниците, поради што автопилотот ќе биде побезбеден. Откако ќе бидат направени тестирањата, овие возови би требало да се користат на линии од 50 до 200 километри.

Иако Мaglev технологијата се развива со децении, само Кина, Јужна Кореја и Јапонија имаат оперативни Мaglev возови.

Во меѓувреме, Јапонија направи план за производство на Мaglev воз што ќе се движи со брзина од 500 км/ч. Првата фаза од проектот ќе биде завршена до 2027 година, а возот ќе ги поврзува Токио и Нагоја. Новиот воз ќе го преполови времето на патување меѓу овие два града.

Извор: Klix.ba