Huawei P30 Pro ќе биде официјално претставен на 26. март во Париз. Меѓутоа, благодарение на дојавувачите веќе имавме пчрилика да ги видиме официјалните рендери на телефонот. Сега ни пристигнуваат и фотографии на кои P30 Pro е прикажан во живо.

Фотографиите откриваат дека необичниот камера систем ќе има и склоплив модул за оптика, сличен на 10x технологијата на зумирање на компанијата Oppo, кој е демонстриран во текот на MWC. Модулот е скриен зад објективот во системот со три камери. Четвртата камера, која се наоѓа под LED блицот, е најверојатно ToF сензор.

Исто така, Richard Ју (CEO на мобилното одделение на Huawei) е забележан и фотографиран заедно со телефон со ист систем на камери.