Mobile World Congress во Барселона оваа година беше вистинска атракција за љубителите на технологијата, а се чини дека одредени инженери ги надминале своите претходници на овој сајт. Имено, на еден човек на бината му беше вграден чип под кожата, додека друг, кој веќе ја помина оваа процедура, демонстрираше како со помош на чипот и телефонот плаќа сметки.

Едгар Понс, кој во живо го помина вградувањето на радио-фреквентниот чип , вели дека тоа го направил за да може да ја отвора вратата од својата куќа.

“Тоа е одлично, за мене многу корисно, бидејчи имам автоматска куќа”, вели тој, додавајќи дека мотивацијата за оваа интервенција била фактот дека “тоа може да го направи многу лесно, со едноставен притисок на малиот рез”.

Во текот на презентацијата на овој конгрес, човекот по име Пау, кому веќе му беше вграден чип, демонстрираше како плаќа сметки, со допир на телефонот и имплантот кој се наоѓа во неговото тело.

“Она што го гледаме сега е како би можело да изгледа плаќањето на сметки во иднина”, рече една од излагачите на Саемот.