Пред само неколку дена, Xiaomi официјално го претстави својот најнов премиум смартфон – Xiaomi Mi 9. Телефонот го одликуваат врвни карактеристики по многу достапна цена, барем кога е во прашање пазарот во Кина, каде што уредот иницијално дебитираше. Многумина со нетрпение ја очекуваа цената за глобалниот пазар, која засега е конечно позната.

Во текот на MWC 2019 конгресот во Барселона, Xiaomi ја најави глобалната достапност на Mi 9 моделот, заедно со цените по кои уредот ќе се продава во Европа. Xiaomi Mi 9 ќе има почетна цена од 449 евра, за моделот со 6GB RAM и 64GB простор за складирање, додека цената на 6GB + 128GB варијанта ќе изнесува 499 евра.

Xiaomi во текот на презентацијата доста време посвети на можностите на системот на камери, што го сочинуваат 48 MP главен сензор, како и 12MP телефото сензор и 16MP широкоаголен сензор, заедно со 20MP предна камера. Телефонот на DxOMark тестот оствари импресивни резултати, посебно на полето на видео.

Mi 9 доаѓа со две дополнителни варијанти, едната со транспарентна позадина и 12 GB RAM меморија, како и втора со помал 5,99 инчен екран.

Xiaomi Mi 9 е веќе достапен во претпродажба во неколку европски земји (Шпанија, Италија и Франција), додека на останатите територии се очекува нешто подоцна.

Сите детали за новиот смартфон на Xiaomi можете да ги најдете на официјалната страница на компанијата на овој линк.