Неколку модели на флексибилни мобилни телефони веќе се наоѓаат на пазарот. Меѓутоа, се уште сме далеку од исполнување на најавите дека ваквиот тип смартфони ќе бидат широко распостранети. Едноставно, моделите или се прескапи, или корисниците се сомничави кон издржливоста на шарките.

Судејќи според се, сега добивме и еден неочекуван „играч“ на големиот и се уште прилично неистражениот пазар на флексибилни телефони, пренесува порталот Let’s Go Digital.

Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) го прими и додобри дизајнот за флексибилен мобилен телефон, што го поднесе познатиот компјутерски бренд HP. Врз основа на фотографиите кои можевме да ги видиме, нивниот патент доста личи на Samsung Galaxy Z Flip, со некои иновативни решенија за полесно отворање/затворање на телефонот.

Би требало да бидеме внимателни при ваквите прогнози, најмногу поради двете работи.

Најпрвин, HP доколку го направи телефонот, не мора во него да ги „уфрли“ нужно и сите елементи кои ги патентирале. Второ, и уште поважно, ова не е никаква гаранција дека HP навистина ќе направи флексибилен телефон. Можеби само сакале да го осигураат својот патент, за никој друг да не може да ги користи решенијата кои ги смислиле од HP.