Хуманоидот Софија ги изненади посетителите со своето присуство на Mobile World Congress кој се одржува во Барселона.

Софија привлече големо внимание со својот изглед, но и начинот на кој одговараше на прашањата на модераторите.

Саемот привлече 100 илјади луѓе, а отворен е од понеделникот. Освен иновативните мобилни телефони кои поддржуваат 5G, претставени биле и голем број роботи. Софија ѝ е позната на јавноста уште од претходно, но и понатаму предизвикува интерес кај луѓето.

Освен јавното обраќање, хуманоидот се дружел со посетителите и како и сите останати луѓе, разговарал со нив за секојдневни работи.

https://youtu.be/CK7IzOzoaVU

Софија е направена во Хонг Конг, а матичната компанија Hanson Robotics за прв пат ја претставила во јавноста во 2016 година. Таа може да направи 50 различни фацијални експресии и користи препознавање на гласот кој е развиен од страна на Google, со цел да може да одговара на прашања. Софија имала голема турнеја во рамки на кои посетила многу земји.

Минатата година, таа беше вистинска ѕвезда во медиумите откако стана првиот робот кој доби државјанство на Саудиска Арабија, но и поради изјавата дека по набљудување на човечките семејства, заклучила дека сака да има дете. Исто така, Софија е првиот робот кој запеал во “The Tonight Show” на Џими Фалон.

Извор: Klix.ba