Супер-ширителите на вирусот имаат две забележителни физички карактеристики, поради кои имаат поголем потенцијал за ширење на инфекцијата на други, а тоа е дека ги имаат сите заби на број и затнат нос, открива новата научна студија.

Студијата е објавена во научното списание Psysics of Fluids и покажува дека наведените физички карактеристики може да значат дека лицето кое ги поседува е потенцијален ширител на заразата со Ковид-19.

Студијата беше спроведена од научниците од Универзитетот во Централна Флорида, користејќи компјутерски генерирани модели, кои нумерички симулирале кивање. Моделирале различни типови на луѓе за да можат да ги поврзат физиолошките карактеристики на една личност со тоа колку капките летаат надвор од устата, кога истото лице ќе кивне. Исто така, измерија и колку долго капките остануваат во воздухот.

На нивно изненадување, двете карактеристики што ги открија потенцијалните ширители се затнат нос и сите заби на број во устата.

Оваа студија прв тргна во потрага, затоа што капките на кашлање летаат различно далеку од лице до лице, појасни Михаел Кинзел, коавтор на студијата и доцент на гореспоменатиот универзитет во САД.

Кинзел објасни дека човечкото тело има и свои „влијанија“, кога станува збор за телесните процеси. Еден од примерите е и кивањето додека носот е чист, а работата е во тоа што кога се кива со проодни дишни патишта во носот, тоа значи дека постои уште еден слободен излез, покрај устата.

Меѓутоа, кога носот е блокиран, излезот низ него е ограничен, па затоа се создава поголем притисок при кивање во устата, што резултира со поголемо забрзување на капките при напуштање на устата.

При сето ова, забите служат како еден вид туркач, што го стеснува опсегот на излез и го прави кивачкиот млаз уште посилен и побурен.

За време на тестирањето, биле користени четири модели на „лица“, индивидуа со растечен нос и сите заби, лице со растечен нос и без заби, човек со затнат нос и без заби и лице со затнат нос и сите заби.

Четвртиот наведен модел се покажа како потенцијален суперширител, бидејќи кивачкиот млаз од неговата уста леташе 60 проценти подалеку од останатите модели.

 

Значи, маските навистина помагаат да се спречи ширењето на инфекцијата, а редовното чистење на носот и кивањето во марамче, исто така, ќе помогне вирусите да се шират многу помалку.