Рускиот Арктик може да стане еден од најголемите светски центри за складирање податоци за меѓународните компании, изјави проектниот офицер за развој на Арктикот, академик Александер Воротников.

Тој во изјавата за агенцијата Tass, рече дека многу меѓународни компании како Facebook, на пример, имаат центри со податоци во близина на поларниот круг.

“Русија има голем потенцијал на природен студ, кој е неопходен за работа на центрите за податоци”, наведе Воротников и додаде дека одредени регионални власти им понудиле на инвеститорите територии за организирање на складирањето на податоци.

Русија има и правна база за развој на тој проект, истакна тој.

Кон крајот на јуни, Русија го усвои законот со кој го регулира механизмот за соработка помеѓу јавниот и приватниот капитал во ИТ технологиите.