Од напредок во чиповите и мрежна опрема, до уреди од следната генерација – Samsung ја оживува 5G технологијата

Компанијата Samsung го отвори овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија (Mobile World Congress – MWC) поместувајќи граници и придвижувајќи го 5G моментумот напред, преку нови соработки и иновации за потрошувачите и претприемачите. Од дебитирањето на новата генерација мобилни искуства со Galaxy S10 5G, до збогатување на својата визија за глобално искуство со конекцијата, Samsung започнува нова ера на поврзано живеење.

На овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија, компанијата Samsung ќе покаже како, преку иновација, отворено и постапно го води патот до 5Г конекцијата и го менува начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат. За прв пат, Samsung ќе го прикаже пред посетителите новиот Galaxy S10 5G мобилен уред, дизајниран со најдобриот хардвер и софтвер кој овозможува искусување на придобивките од 5G конекцијата на најдобар можен начин. Исто така, ќе биде прикажан и широк асортиман опрема која го овозможува лансирањето на 5G технологијата во големи размери. Дел од оваа опрема се новите генерации на мулти – режимски модемски чипови и модули за радио фреквенции кои се помали по големина, енергетски поефикасни и со најсовремена технологија – приказ на лидерството на Samsung во областа на иновациите во мобилните уреди и екраните и пошироко. Компанијата Samsung, исто така, ќе објави нови партнерства со оператори и добавувачи, овозможувајќи поддршка за сите на патот кон 5G технологијата.

Веруваме во создавање иновации кои влијаат на животот на потрошувачите. Повеќе од 35 години Samsung ја води индустријата кон нови хардверски решенија и сервиси,овозможувајќи револуционерно потрошувачкото искуство. На Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија оваа година, го прикажуваме извонредниот опсег на нашиот проширен поврзан екосистем од финални иновативни 5G решенија, сѐ до нови извонредни збогатувања на Galaxy семејството, како Galaxy Fold и Galaxy S10 5G“. – изјави ДЈ Кох, Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилни комуникации во компанијата Samsung.

Пионерство во новата деценија со нови мобилни уреди

Изминатава деценија, Samsung го предводеше истражувањето и развојот на 5G конекцијата, а плод на трудот кој го вложи компанијата е трансформацијата на 5Г конекцијата од амбициозен теориски концепт во реалност. Компанијата ја испорача првата гигабит 5G трансмисија, првиот пренос на 5G помеѓу повеќе ќелии, а сега го претстави и првиот 5Г мобилен уред – Galaxy S10 5G .

Galaxy S10 5G овозможува неверојатна моќ, брзина и поврзаност директно во рацете на потрошувачите преку комбинација од супер моќни функции достапни како дел од Галакси С серијата уреди. Со 5G поврзување, Galaxy S10 5G може да пристапи до 20 пати поголеми мрежни брзини за разлика од 4G мрежите, овозможувајќи зголемено мобилно искуство со придобивки при моќно споделување на мрежа (hot-spotting), хипер-брз пренос, 4K видео повици и мобилни игри на повисоко ниво.

Покрај 5G мобилните уреди, Самсунг продолжува да го проширува својот комплетен екосистем на уреди, од уреди за носење до таблети, обезбедувајќи нови возбудливи и моќни мобилни искуства. На овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија, Samsung ќе ги претстави своите најнови иновации, беспрекорно обединети во рамки на реномираното Galaxy семејство.

Иднината е откриена со Galaxy Fold: Корисниците може да го искусат првиот 7,3-инчен, динамичен AMOLED Infinity Flex Display на Galaxy Fold. Како иновацијата која дефинира нова категорија, Galaxy Fold има извонреден дизајн и создава целосно ново корисничко искуство.

  • Одбележување на една деценија иновации со новата Galaxy S серија мобилни уреди: Со четири уникатни премиум модели, вклучувајќи го и 5Г моделот, новите Галакси С10 уреди се дизајнирани со нови функции за екран, камера и перформанси на ново, повисоко ниво.
  • Подобрено портфолио од средна класа со новата Galaxy А серија: Galaxy A50 и A30 овозможуваат иновации во клучните карактеристики со високи спецификации. Дизајнирани според начинот на кој се поврзуваме денес, новата серија на уреди создава голем број можности кои задоволуваат уште поширок спектар на потрошувачи во рамки на Galaxy семејството.
  • Балансирано и поврзано живеење со новите Галакси уреди за носење: Samsung го проширува својот Galaxy екосистем со часовникот Galaxy Watch Active и безжичните слушалки Galaxy Buds. Создадени за потрошувачи кои се фокусирани на своето здравје, овие уреди за носење внесуваат стил во здравиот начин на живот.
  • Разновидeн Galaxy Tab S5e: Таблетот S5e е нов, супер тенок, лесен и елегантен Galaxy таблет дизајниран со моќни функции за забава, “спакувани“ во стилски и достапен уред. Прв таблет кој е поддржан со платформата Бигзби.
  • Демонстрирање на реалните светски 5Г сценарија овозможени од комерцијалните решенија на Samsung

Подобрувајќи го докажното комерцијално 5Г лидерство, Самсунг ќе претстави неколку демонстрации во живо за да прикаже реални 5Г искуства:

  • 5Г Новa Радио демонстрација во живо со Samsung мрежа и паметен телефон, со користење на опсег од 3.5 гигахерци и 28 гигахерци: Во живо ќе биде презентирана мобилна “клауд“ игра на првиот 5Г паметен телефон на компанијата, преку поврзување со “Live“ 5Г мрежни решенија на Самсунг. Покрај тоа, ќе бидат демонстрирани и 5Г Мулти – корисничка технологија со повеќе влезови и излези (5G Multi-user MIMO).

Прво 5Г емитување во живо на овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија: Прво емитување во живо на “Мобилна Светска Телевизија во Живо” на ГСМ Асоцијацијата, со користење на Samsung 5Г мрежни решенија во Емитувачкото Село (орг. “Broadcast Village“, дел од Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија), Гран Виа. Оваа Мобилна светска ТВ ќе се прикажува во живо низ целата локација на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија, како и во 280 хотели во Барселона во времетраење на истиот.

Демонстрација во живо на 5Г технологија за индустријата: Samsung, Cisco и Orange Spain ќе демонстрираат разновидни случаи на користење на 5Г за да покажат колку ниска латентност и голема брзина на 5Г технологија може да се применат во индустријата. Демонстрациите ќе се одржат во рамки на “Оринџ“ штандот (Хала 3 3К10).

Автоматски 5Г мрежни решенија на Samsung и Zhilabs: Самсунг ќе ги демонстрира во живо 5Г решенијата базирани на Вештачка Интелигенција за управување со мрежата со Жилабс – решенија кои компанијата Самсунг ги доби преку аквизација во октомври 2018 година. Ова им помага на операторите автоматски да оптимизираат 5Г мрежни перформанси.

Нова генерација на 5Г чипсети

Дополнително, Samsung ќе ги прикаже своите нови чипсети со 5G радио фреквенција од новата генерација, кои поддржуваат 28 и 39 гигахерци. Користејќи ги овие нови чипсети за радио фреквенции, базните 5G станици на Samsung ќе бидат приближно 25% помали, полесни и ќе трошат помалку енергија во споредба со претходните.

5G базните станици користат речиси илјада антени и неколку радиофреквентни интегрирани кола (RFIC) за да го користат “mmWave“ спектарот. Со овој чипсет од новата генерација, Самсунг помага во подобрување на перформансите на мрежните уреди преку намалени нивоа на бучава и подобрување на линеарните карактеристики на засилувачот на моќност на радио фреквенции.

Ја комбиниравме нашата експертиза за да бидеме еден од првите иноватори во 5G комерцијалните услуги – над и под 6 гигахерци опсег до денес. Ова водство доведе Samsung да достигне над 36.000 доставени 5Г базни станици, заклучно февруари 2019 година. Како единствена компанија во светот која создава и овозможува финални 5Г решенија во САД и Кореја, Самсунг ќе продолжи да ги унапредува иновативните обидии да ги поместува границите во 5G технологијата.” – изјави Пол Кјунгвун Чун, Извршен Потпретседател и Раководител на Секторот за Мрежниот Бизнис во Samsung.

Портфолиото на чипови на Samsung го вклучува модемот “Exynos Modem 5100“, во целосна согласност со “3ГПП 5Г НР“ стандардот за поддршка на нови спектри, вклучително и под и над 6 гигахерци за побрзи брзини за трансфер на податоци до 6 гигабити во секунда. Иновативните способности и технолошките откритија на Samsung се целосно демонстрирани преку големиот опсег на 5G производи.

Посетете го Samsung на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија – MWC19

За од прва рака да ги искусат и да ги погледнат во живо демонстрациите на 5G решенијата на Samsung, присутните можат да го посетат официјалниот штанд на Samsung кој се наоѓа во сала 3, како  и штандот за мрежи на Samsung во сала 2 – 2М20 (само со покана).