Пред околу година и половина со помош на телескопот ПАНСТАРС откриено е тело кое прво е класифицирано како комета. По неколку дена беше одредено дека е астероид за по само два дена да се објави дека за прв пат е пронајдено тело кое со сигурност не е тело од Сончев Систем. Од тоа почнаа да се теоризираат разни варијанти дека Оумуамуа е тело од вонземско потекло, за што и научници од Харвард понудија докази кои укажуваат на тоа во вид на научен труд.

Што е Оумуамуа, какви се понтересни приказни доаѓаат со овој небесен објект и какви прашања ни отвори поминувајќи низ нашиот Сончев систем се прашањата на кои ова предавање ќе се обиде да даде одговори. Предавањето во организација на Скопско Астрономско Друштво ќе се одржи во четврток, 28 февруари (20 часот) во Амфитеатарот при Факултетот за електртехника и информациски технологии.

Влезницата за предавањето чини 100 денари, додека за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава. Скопско Астрономско Друштво замолува да се дојде 10 минути порано за билети за да може посетителите да влезат на време на предавањето.