Со почеток од 17. март, 2020 година, Скопско Астрономско Друштво ќе го одржи својот редовен Воведен курс по астрономија.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните научни принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу фотографуу, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 17.03.2020 (вторник). Предвидени се 12 термини, од кои два надвор од ФЕИТ, еден во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и друг на теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 21.04.2020.

Цената за целокупниот курс е 1500 денари. За студентите (со приложен индекс или студентска легитимација), учениците во средни и основни училишта и за членовите на Скопско астрономско друштво, цената на курсот е 1000 денари. Во цената се вклучени:

– скрипта со материјали од курсот;
– посета на Планетариумот;
– набљудувања со телескопи;
– завршен тест (кој не е задолжителен);
– диплома.

Важно:
– Курсот не се препорачува за деца под 14 години;
– Претходно пријавување не е потребно. Уплатата се врши пред почетокот на првото предавање.

За повеќе информации можете да се обратите на kontakt@astronomija.mk или на телефонот 076 439 027.