Подоцна оваа недела, Xiaomi ќе одржи презентација на која се очекува објавата на Mi 8 телефонот. Извршниот директор на компанијата Леи Јун потврди дека ќе видиме објава на уште еден уред – паметната нараквица Xiaomi Mi Band 3.

Новиот Mi Band конечно стигнува, скоро две години по втората генерација која имаше прилично ниска цена, а ја карактеризираше широк спектар на функции. Xiaomi Mi Band 3 беше забележан на зглобот на Јун во текот на оваа објава. Меѓутоа, се што беше истаканто за овој уред е дека нараквицата ќе нуди значајно унапредување на искуството во однос на своите претходници.

Кога е во прашање Xiaomi Mi 8, кампањата на промоцијата на уредот продолжува преку прилично транспарентно најавно видео, а се фокусира на Animoji функцијата која ќе го карактеризира телефонот.

Xiaomi Mi 8 би можел да биде и прв светски Android телефон кој ја имплементира 3D функцијата на препознавање на лице, која на Animoji функцијата значајно би и помогнала лесно да ја надмине комплексноста и прецизноста на 2D-лимитираното AR Emoji на Samsung.