Уништувањето на еден вид клетки што произведуваат инсулин во панкреасот може да доведе до дијабетес – но едно ново истражување покажува дека другите клетки може да се модифицираат и да помогнат при контролата на нивото на шеќер во крвта, пишува Nature.
Резултатите даваат надеж дека “репрограмираните“ клетки кои произведуваат инсулин може да се користат како третман за дијабетес, но досега овој пристап е тестиран само со човечки клетки кај глувци.
Во студијата објавена на 13 февруари во Nature1, истражувачите пишуваат дека менувањето на човечки панкреатични клетки кои вообичаено не создаваат инсулин, хормон кој ја регулира количината на гликоза во крвта, им помага да го променат својот идентитет и да започнат со производство на овој хормон.
Кога се имплантирани кај глувците, овие репрограмирани клетки ги олеснуваат симптомите на дијабетесот, зголемувајќи ја можноста дека методот еден ден ќе може да се користи како третман и кај луѓето.
“Мислам дека ова има огромен потенцијал“, вели Теренс Херберт, биолог на Универзитетот во Линколн, Велика Британија. Но, истражувањето е се уште во своите рани денови, вели тој, и треба да се надминат неколку пречки пред оваа техника да може се применува и во клиниките, додава Nature.