Проблемот со губењето на следачите на Instagram сеуште не е решен, а како резултат на ситуацијата се појави и бришење на илјадници неавтентични профили, пишуваат странските медиуми. Додека популарната мрежа ветува дека за кратко време ќе се врати во нормала, влијателите корисници продолжуваат да губат милиони следачи.

Instagram претходно изјави дека тие забележале отворање на голем број на лажни профили за собирање на “популарност“ на мрежата, што е и причината зошто тие одлучиле да ги избришат сите неактивни профили, вклучувајќи ги и оние кои немаат никакви постови, коментари или лајкови.

“Неодамна, сфативме дека бројот на профили се користи за вештачко зголемување на публика на мрежата. Ние ќе започнеме со отстранување на неавтентичните профили, лајкови и коментари кои се користат од страна на трети лица со цел да ја зголемат нивната популарност. Спроведовме неколку чекори за ограничување на овој вид несакано однесување. Профилите кои ќе бидат идентификувани со помош на оваа услуга ќе добијат порака која ги предупредува дека ќе ги отстраниме. Исто така од нив ќе побараме да го обезбедат својот профил преку промена на лозинката“, соопштија од компанијата.

Според последните информации, Instagram вети дека проблемот ќе биде решен до утре. Поради овој проблем, многу познати личности изгубија милиони следачи. Меѓу нив е и Кајли Џенер, која загуби 2,5 милиони следачи, а по еден милион следачи загубија и Селена Гомез, Аријана Гранде и Кејти Пери.