Кинеската компанија Lenovo почнува со нова франшиза на смартфони која ќе го носи името – Lemeng Mobile. На социјалната мрежа Weibo веќе постои и нејзина страница, која е поврзана со официјалната на Lenovo.

Таму се поставени и информации дека компанијата ќе одржи состанок во канцелариите во Пекинг, на кој ќе биде донесена одлука како ќе се развива новиот бренд и на каков начин ќе се пласираат уредите под бренд името Lemeng.

Вреди да се напомене дека самото име Lemeng не е ново за компанијата. Претходно овој бренд беше вклучен во телефони со напредни музички способности. Пред неколку години, сепак, неговото постоење беше прекинато. Сега е очигледно одлучено повторно да се заживее.

Во последните години лансирањето на нови брендови од страна на кинеските производители е честа појава. На почетокот на годината, на пример, стана јасно дека Xiaomi ќе ја објави серијата Redmi во нов бренд под чие име ќе бидат достапни условно поефтините уреди. И тука името не е ново, но во моментов тоа не е самостоен бренд.