Откриен е пропуст во електричните тротинети кои го користат компаниите како Bird и Lime – хакерите би можеле да ја преземат контролата над тротинетите и на пример нагло да закочат или да забрзаат на црвено светло.

Електричните тротинети полека но сигурно освојуваат многу градови низ целиот свет. Во Европа особено се популарни компании како Bird или Lime кои изнајмуваaт електрични скутери, а за многумина овие возила на две мали тркала стануваат популарно и ефикасно средство за транспорт и избегнување на сообраќајниот метеж. Корисниците преку мобилна апликација го пронаоѓаат најблискиот електричен тротинет, го плаќаат и отклучуваат, а кога ќе стигнат до својата дестинација, тие го оставаат на тротоар или каде и да сакаат.

Меѓутоа со овој тип на возила за транспорт не се задоволни пешаците затоа што истите завземаат место од тротоарите, а се бележи и пораст на бројот на судири со пешаци, падови… од кои некои завршуваат со смрт. Експерти од безбедносната компанија Zimperium неодамна откриле опасен пропуст во Xiaomi електричните скутери (модел M365), кој може да резултира со претворање на електричните скутери во смртоносно оружје.

Проблемот е во модулот за Bluetooth преку кој тротинетите се поврзуваат со мобилната апликација – „благодарение“ на овој пропуст можно е поврзување, без потреба од впишување на лозинка и лични податоци, така што хакерите би можеле да ја преземат контролата на електричните тротинети.

На пример, кога тротинетот се приближува до пешачки премин или семафор, возачот најчесто успорува за да види дали може да пројде, но ако хакер ја преземе контролата, може нагло да го забрза тротинетот, па наместо застанување може да го исфрли возачот на патот и тоа на црвено светло – удар од автомобил во такви ситуации би можел да заврши со смртни последици.

Конкретно, од Zimperium веќе го известиле Xiaomi, но од таму велат дека знаат за проблемот но суште немаат решение бидејќи Bluetooth модулот е од друга компанија.

Извор: Zimo.hr