Droid Shout изнесува гласини според кои iPhone моделите за 2019. година можеби ќе имаат USB Type-C приклучок, а наводно Apple експериментира и со различни големини на notch во екранот.

На интернет страницата Droid Shout се достапни уште нови гласини, што се однесуваат на новите iPhone уреди, кои компанијата од Купертино би требало да го претстави во септмеври оваа година.

Сите три актулени модели на iPhone – XS, XS Max и XR ќе добијат свој наследник. Според планот на Apple, најевтиниот модел меѓу нив, iPhone XR би требало да има нешто поголем notch (засек) во екранот во однос на iPhone XS моделите, но наводно постојат и прототипи кои експериментираат со различните големини на засекот, па не е јасно која од овие верзии би требало да биде претставена оваа есен.

Нешто позначајна е информацијата дека во Apple наводно размислуваат за премин од нивниот Lightning приклучок на класичниот USB Type-C приклучок. И тука се повторува претходно споменатата ситуација, бидејќи постојат прототипи кои содржат Lightning, но и модели кои вклучуваат USB Type-C порт.

Наследникот на актуелниот iPhone XS Max ќе има тројна задна камера, а iPhone XR ќе добие втора камера и верзија на смартфонот со зелена боја.

Цената на iPhone моделите за 2019. година не би требало да се менуваат во однос на цените на актуелните модели, кои беа претставени есента минатата година.