Се појавија најнови рендери на претстојните Samsung Galaxy Note10 и Note10 Pro телефони, кои се сместени во заштитни маски на познатиот производител Olixar и откриваат некои од елементите на дизајнот на уредите.

Note10 и Note10 Pro ќе имаат камери на задната страна, кои се поставени вертикално во горниот лев агол. Galaxy Note 10 ќе имаат три камери, додека Note10 Pro ќе имаат дополнителен сензор за камерата.

Куќиштата, исто така, потврдуваат постоење на копчиња за вклучување и звук од левата страна, како и отсуство на Bixby копче, кое дебитираше уште во 2017. година на Galaxy S8 моделот. Претходно протечените информации сугерираа исфрлање на приклучокот за слушалки.

Пред неколку дена се појавија информации дека Galaxy Note10 серијата ќе има Sound on Display технологија, што го потврдува и заштитата за екранот на Olixar, во која не постои засек за слушалката. Заштитата за екранот потврдува и постоење на punch-hole отвор во екранот, за предната камера.

Samsung Galaxy Note10 серија ќе биде официјализирана на 7. август во Њујорк, а дотогаш сигурно ќе дознаеме уште повеќе детали за претстојните смартфони.