На компанијата Google и беше потребно одредено време за да го имплементира темниот режим (Dark Mode) во своите апликации и платформи, но сега изгледа дека технолошкиот гигант конечно ја прифати оваа идеја, која е популарно барање на корисниците. Сајтот 9to5Google откри дека Chrome 73 beta за Android пристигнува со темна тема, а само неколку дена откако беше објавено дека Google подготвува темен UI за Chrome на Windows и Mac уредите.

Темната тема за експерименталниот мобилен браузер е се уште во многу рана фаза на развој. Корисниците ќе знаат дека постои опцијата само доколку направат долг притисок на линкот или фотографијата и само ако Android Pie Dark Mode е подесен на Always On во рамките на Developer Options. Исто така, дури и панелите кои веќе пристигнуваат во темно сива верзија, бараат дополнителна работа, бидејќи некој текст на нив е се уште во црна боја.

Иако нема гаранции дека споменатата функција од бета ќе биде претворена во стабилна верзија и ќе им биде испорачана на корисниците, голрми се шансите тоа и да се случи. Темниот моде е многу барана и очекуваната функција од Android корисниците, која има предности во тоа што е полесна за очи и ја намалува потрошувачката на батерија.