Пристапот до апликацијата WhatsApp на уредите со оперативниот систем iOS може да биде заштитен со биометриска идентификација.
Зависно од моделот на iPhone, кој го поседуваат, корисниците ќе добијат опција да го користат Face ID или Touch ID, за да го ограничат пристапот до апликацијата WhatsApp. Оваа можност стана достаона со пристигнување на верзијата 2.19.20 на популарната апликација, а може да се активира во Privacy менито во подесувањата на профилот (Account Settings).
Новата биометриска сигурност во секој случај ги штити вашите пораки и во случаите кога смартфонот е отклучен. Меѓутоа, морате да бидете внимателни кога се работи за поставките на известувањата кога ќе изберете да ја осигурате апликацијата, посебно кога станува збор за preview на пораките. Ако сте ги вклучите, ќе можете да ги видите и да одговорите на секоја порака без отклучување на апликацијата. Исто така, ќе можете да примите повик преку WhatsApp, иако апликацијата е заклучена.
Моментно новата опција е достапна само за iOS верзијата на WhatsApp, а наскоро ќе пристигне и на Android.