На пазарот на Android таблет уреди, присутни се многу малку производители, а еден од нив и натаму е компанијата Lenovo. Според пишувањето на интернет страницата Droid Shout, Lenovo за претстојниот саем MWC во Барселона подготвува нов 7-инчен таблет, кој се базира на оперативниот систем Android 9.0 Pie.

Се работи за Lenovo Tab V7 уредот, кој на пазарот би требало да пристигне со куќиште кое е потенко во однос на досегашните модели на таблет уредите од кинеската компанија. Се споменува и 4 GB RAM, 32 GB односно 64 GB интерна меморија, која е можно да се прошири со помош на microSD картички.

Тааблетот нема да содржи сензор за отпечатоци од прсти, додека останатите функции ќе бидат достапни по официјалното претставување на MWC, а официјалното пристигнување на пазарот се очекува до крајот на првиот квартал оваа година.