На интернет фотографијата од мистериозниот објект кој бил воочен од страна на кинескиот ровер „Јута-2“ на темната страна од Месечината, стана вирална.

Исто така, сè што е мистериозно, и што не се објавува веднаш и лесно, а се однесува на вселената, го фасцинира светот.

На 6 јануари кинеското лунарно роботско возило „Јута-2“, повикано било да ја истражи загатката, коцкестиот објект на невидливата страна од Месечината кој во медиумите беше опишан како „мистериозна колиба“.

Медиумите кои ја покриваат кинеската вселенска програма известија дека тимот на „Јута-2“ лоцирал објект по што прегледал серија фотографии направени со роверот.

Чудниот објект бил забележан на хоризонтот, покрај релевантно „младиот“ кратер и на оддалеченост од околу 80 метри од роверот.

Без оглед на сценаријата кои беа објавени, реалноста е малку поразлична.

Кинескиот ровер конечно се приближил доволно за да го истражи објектот со чуден облик.

Фотографиите од сивиот објект во облик на коцка на Месечината ги објавил каналот „Our Space“ поврзан со Кинеската национална вселенска агенција (CNSA). Фотографијата ја направил „Јута-2“ додека поминувал на големиот кратер Фон Карман.

Тогаш беше соопштено дека на роверот ќе му бидат потребни до три месеци да стигне до објектот. Вистината е конечно откриена кога „Our Space“ објавил крупен кадар од тоа што се покажало како обична карпа на работ од кратерот.

Меѓутоа, карпата имала чуден облик, напоменуваат научниците, додавајќи дека тимот кој го контролирал роверот од Земјата ја нарекол „зајак од жад“.