САД вчера испрати тужба против една од најголемите технолошки компании Huawei за кражба на технологија и кршење на санкциите против Иран. Америка веќе неколку години наназад постојано ја обвинува компанијата Huawei дека е направена за кинеско шпионирање и дека е ризик за мариканската безбедност.

Дали станува збор за почитчки прогон?

Министесрството за надворешни работи испрати апел до САД да престанат со нападите кон кинеските компании и додаде дека тие ќе ги бранат сите права на компаниите кои се со потекло од Кина. Според нив, ова претставува еден политички прогон, бидејќи компнијата Huawei, работи чесно и фер.

Huawei се обвинети за обид за кражба на роботска и друга технологија од лабораторијата на T-Mobile, наменета за тестирање на паметни телефони. Тие исто така се обвинети дека имале плус компанија позната како SkyCom, која тргувала со Иран и ги рушела трговските правила на САД.

Менг, ќерката на основачот на Huawei, на 1 декември беше уапсена во Ванкувер.