Motorola се подготвува за објава на уред со Android One, за кој се очекува дека ќе биде наследник на Moto X4 моделот. Телефонот ќе го носи името Motorola One Power, а сега се појавија повеќе спецификации на претстојниот уред.

Motorola One Power ќе има 6.2-инчен засечен екран со Full HD+ резолуција, а ќе го покренува Snapdragon 636 чипсетот, во комбинација со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање.

Системот со две камери на задната страна се состои од 12MP f/1.8 + 5MP f/2.0 сензор, додека предната камера има 8MP сензор со f/2.2 отвор на блендата. Новите спецификации не се поклопуваат со претходните протречени информации, кои сугерираа 16MP сензор со f/1.9 отвор. Исто така, се споменуваше и 6 GB RAM наместо 4, но ова би можело да значи дека ќе постојат две верзии на телефонот.

Остатокот од спецификациите вклучуваат 3780mAh батерија и Android Oreo 8.1 оперативен систем. Меѓутоа, доколку навистина се работи за Android One уред, без сомневање ќе биде меѓу првите што ќе добие Android P надградба.