Двојно побрз систем, продолжено траење на батеријата и поедноставно користење ветува новиот оперативен систем на Android, наречен Oreo.

Звучи прилично добро и ветувачки, но дали Google навистина ќе успее да го доведе сето тоа на смартфоните кои работат на Android, први ќе можат да видат сопствениците на Pixel, Nexus 5X и Nexus 6P, додека останатите ќе мораат да почекаат до крајот на годината кога Oreo ќе биде достапен и на останатите уреди.

Меѓу новитетите кои ги носи овој оперативен систем, наречен по популарниот десерт, како најинтересни се издвојуваат “notification dots” – точки кои во секој момент покажуваат дали имате нова нотификација на одредена апликација, а со подолго држење на нив можете да видите нивен preview. Исто така, како новитет се појавува и опцијата Picture-in-Picture односно користење на две апликации истовремено, со кое ќе биде овозможено и користење на камера, односно видео повик или Скајп додека во истовреме читате некоја порака или сурфате на Интернет.

Новиот Android Oreo нуди можност телефонот да ги помни корисничките имиња и лозинките за сајтовите кои најчесто ги користите, со цел да не мора постојано да се логирате. Тука се и новите 60 емотикони, новиот изглед на менијата за нагодувања (Settings), LDAC аудио унапредување за Bluetooth и многу други.

Во продолжение прочитајте кои се најголемите промени:

● Google вложува напор во креирање на безбедносен систем и наводно Android никогаш не бил толку безбеден.
● За малку e подобрено одржувањето на меморијата и го ограничија користењето на моќ за апликациите кои работат во позадина, со цел подолг век на батеријата.
● Во ова надоградување малата точка ќе ги обележи известувањата без притоа да ја отворите апликацијата. Она што е повозбудливо е тоа што иконите на самите апликации ќе бидат анимирани кога ќе задржите подолго на една од нив.
● Picture-in-picture, самото име кажува се, корисниците ќе можат да гледаат видео додека имат отворено друга апликација.
● Системот ќе може да зачувува лозинки и истите да ги пополни кога е потребно.
● Исто така интересно е тоа што корисниците ќе може да испробуваат апликации пред да ги спуштат на нивните уреди. Со ова ќе бидете сигурни дека апликацијата што ќе ја спуштите е сигурна.
● Немојте да мислите дека само корисниците на Apple добиваат многу добри нови работи, Android Oreo сега доаќа со 60 нови емотикони.