Microsoft ја засили борбата против лажните вести со нова функција во мобилниот прелистувач Edge. Достапна е за корисници на Android уреди од онлајн продавницата на Google Play, и наскоро се очекува за iOS.

Лажните вести се зголемија во текот на изминатите неколку години на интернет, во услови на пад на квалитетот и критериумите на добро воспоставените медиуми. Многу онлајн платформи додаваат различни алатки кои го спречуваат ширењето на „фејк њуз“, но ниту еден од нив во моментов не е 100% ефикасен.

Новата верзија на мобилниот прелистувач Edge доаѓа со NewsGuard, која открива лажни вести и ги спречува да се шират до интернет корисниците. Истата алатка е достапна како екстензија за десктоп верзијата на Edge.

NewsGuard се потпира на искусни новинари за да се бори против лажните вести. Системот е дизајниран и обучен за привлекување новинари кои рутински ги истражуваат вестите на интернет и имаат искуство со идентификување на вистинитоста на лажни информации.

Новата функција на Edge е тестирана неколку недели пред да се појави ажурираниот прелистувач во онлајн продавницата на Google Play. Наскоро се очекува да работи на уреди за iOS. Развојот го прават NewsGuard Technologies, Inc., основана од медиумски програмери и издавачи.

https://youtu.be/xRZkrHV1_kc