Дали вака ќе изгледаат телефоните на иднината? Meizu Zero нема ниту едно хардверско копче, ниту класичен звучник, во него не можете да ставите SIM картичка, а ќе може да се полни само безжично.
Откако неколку производители го остранија отворот за слушалки од нивните смартфони, беше само прашање на време кога ќе биде претставен уред кој нема ниту еден отвор на него. Вчера беше претставен токму таков смартфон – Meizu Zero.
Опишан од компанијата како „смартфон без отвори“, Zero е дизајниран како едноставен спој на метал и стакло кој нема отвор за полнење, за слушалки, нема видливи звучници, па дури ни отвор за SIM картичка. Па, како може да биде функционален ако нема ниту еден отвор?
Со тоа што се ослободи од копчињата, Meizu отвори повеќе простор за сензори кои работат на допир. Телефонот е совршено мазен и нема дупки, ниту испакнатини. Наместо стандарден звучник, телефонот има пиезоелектрични конвертори кои го претвораат 5,99-инчниот AMOLED дисплеј во звучник.
Наместо стандардна SIM картичка, Meizu Zero користи eSIM картична слична како онаа на Google Pixel 2 и Pixel 3. Сензорот за отпечаток на прст се наоѓа во самиот екран.
Проблемот со полнењето Meizu го реши со вградување на опција за безжично полнење на моделот Zero. Тој може безжично да се полни на 18W, побрзо од било кој друг смартфон на пазарот. Сите податоци се префрлаат преку Wi-Fi и мобилен интернет.
https://youtu.be/j-kM8FohVy0
Смартфонот поседува селфи камера од 20MP и две задни камери од 12MP и 20MP, а работи со помош на процесор Qualcomm Snapdragon 845. Засега не е познато колку RAM ќе има овој модел, ниту пак неговата цена, па изгледа дека за овие информации ќе мора да почекаме додека да се појави на пазарот.