Motorola минатата година повлече доста чуден потег, иако веќе на пазарот беше достапен Snapdragon 845, Moto Z3 сепак го опремија со постариот Snapdragon 835. Поради тоа, не ни чуди дека веќе се појавуваат гласини за Moto Z4, а кој според изворите би требало да го има најновиот Snapdragon 855.

Интернет страницата 91mobiles рендер на кој се гледа како би требало да изгледа идниот Мото Z4. Од предната страна се наоѓа екран со засек во облик на капка. Во рамки на засекот очекувано се наоѓа селфи камера. Бидејќи од задната страна нема скенер за отпечатоци од прсти, се верува дека ќе биде интегриран во самиот екран.

Дека и овој модел ќе поддржува различни Moto Mode-ови докажуваат Pogo конекторите, кои и натаму ги има 16, што значи дека и претходно набавените модови можат да функционираат и со идниот модел. Она што чуди повеќе е одлуката на Motorola во 2019. година и натаму да продолжи со вградување на една камера на задната страна на уредот.

Имено, поголем дел од годинашните флегшип модели ќе имаат барем три, ако не и поголем број камери. Но, се чини дека Motorola тоа премногу не ја загрижува. Изворот наведува дека камерата ќе биде на Sony и ќе има резолуција од 48 мегапиксели. Исто така, истиот извор наведува дека оваа година нема да има Moto Z4 Play модел, иако некои претходни информации од почетокот на годината го зборуваа спротивното.