Компанијата SEGA ја отворa прославата по повод 60-годишнината од основањето со распродажба на Steam и делење бесплатни видеоигри инспирирани од ретро класици создадени од девелоперите на компанијата специјално за таа пригода.

Тенковска борба од птичја перспектива за максимум четворица играчи што може да ја играте секаде со пријателите. Достапна е до 19. октомври.

Игра инспирирана од серијата Fantasy Zone на SEGA. Поминете низ четири нивоа аркадни пукотници со вашето мало летало. Преземете ја видеоиграта до 19 октомври.

Воведете ред на улиците со ликовите од популарната франшиза Yakuza на SEGA. Игра инспирирана од beat-em up  наслови како Streets of Rage. Може да биде ваша бесплатно до 19 октомври.

Тестирајте го проектот Golden Axed: Reborn од кој студиото се откажа и не бил виден сѐ досега. Достапен е на 18 и 19. октомври.

За да ги преземете овие бесплатни видеоигри, сè што треба да направите е да отидете на страницата Steam и да кликнете на Play Game. На тој начин видеоиграта ќе биде додадена на вашата колекција и ќе можете да ја задржите засекогаш.

Извор: B92.net