Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат како крвава супермесечина.
Thanks Karl for this great pic of the Moon from Florida! #SuperBloodWolfMoon pic.twitter.com/i6z2V40x8N
— Buzz Aldrin (@TheRealBuzz) January 21, 2019
Станува збор за редок небесен настан што се случува кога Месечината е поставена малку поблиску до Земјата отколку нормално и се појавува малку поголема и посветла од нормалното.
Бидејќи се појавува во јануари, кога волци завиваат од глад во близина на селата, таа се нарекува и волчја месечина.
It’s cold out so I’m waiting til the #SuperBloodWolfMoon is just right before venturing out to watch it. pic.twitter.com/ECzVyNly9F
— Justin Robinson (@RevEnFuego) January 21, 2019
Целосното затемнување беше видливо од Британија, Северна и Јужна Америка, и западната и северната Европа, но не и во јужната хемисфера.
Месечината, Земјата и Сонцето за време на овој феномен беа во иста линија, што предизвика целосно затемнување на Месечината, појава што нема да се повтори ниту оваа ниту наредната година.
Поврзани артикли