Саудиска Арабија стана првата земја во светот која одобри државјанство на еден робот.

Станува збор за робот по име Софија, кој бил дизајниран по примерот на Одри Хепберн.

Софија ја направил познатиот роботичар Дејвид Хансон, а беше претставена на големиот настан во Ријад.

Софија застанала на говорницата и изразувајќи емоции на лицето и се обратила на собраните со зборовите: „Сакам да живеам и да работам со луѓето и затоа морам да изразувам емоции за подобро да ги разберам луѓето и да изградам меѓусебна доверба“.

Запрашана дали е свесна дека е робот, Софија одговорила: Ќе одговорам со прашањето: Како вие знаете дека сте човек? Сакам да ја искористам својата вештачка интелигенција и да и помонгнам на луѓето подобро да живеат.  Се обидувам да станам сочувствителен робот“.

Софија потоа била запрашана дали смета дека роботите можат да го преземат светот, на што одговорила: Премногу сте го читале Илон Маск и премногу сте гледале холивудски филмови. Не грижете се, ако сте фини со мене и јас ќе бидам со вас“.