Астрономите конечно можат да здивнат бидејќи NASA потврди дека вселенскиот телескоп James Webb ги поминал тестовите за проверка на неговите оптички перформанси по „финото фазирање“ и поправањето на грешките во усогласувањето извршени на 11 март.

Тимот задолжен за мисијата го порамни и го фокусираше телескопот на ѕвездата, а колку е чувствителна технологијата најдобро покажува фотографија од ѕвезда во чија позадина можат да се видат илјадници галаксии и покрај големата осветленост на ѕвездата во средината. Фотографијата е направена со заеднички труд на 18 хексагонални огледала.

NASA очекува да го заврши усогласувањето на опсерваторијата со сите инструменти до почетокот на мај, а можеби и порано. После тоа, тимот ќе помине два месеци подготвувајќи инструменти за снимање и споделување практични фотографии и податоци од прва рака во текот на летото.

Успешниот тест е доказ дека телескопот James Webb го преживеал своето долго патување, но и дека неговиот иновативен дизајн на сегментирано огледало работи според планираното. Ова е исклучително важно бидејќи развојот на телескопот чинеше 10 милијарди долари. Тој конечно се најде во вселената по серија одложувања и во време кога неговиот претходник Hubble има сè повеќе проблеми. Научниците сега можат да се фокусираат на тоа како ќе го користат новиот телескоп за да го проучат раниот универзум и други аспекти на вселената.

Извор: Klix.ba