Познатиот аналитичар за се што е врзано за Apple, Ming-Chi Kuo повторно стигна до една ексклузивна информација од синџирот на снабдување на оваа компанија. Овој пат се работи за безжичните слушалки AirPods кои наскоро би требало да добијат надградена верзија. Kuo вели дека веќе во првото тримесечје на следната година, Apple ќе пушти во продажба AirPods  слушалки со можност за безжично, индукциско полнење.

На тој начин, сите кои своите iPhone уреди од понова генерација ги полнат на некои од безжичните полначи, на ист начин ќе можат да ги полнат и овие слушалки. Полначот, секако, ќе биде вграден во кутијата која и онака служи слушалките во неа да се полнат и пренесуваат. Врз основа на оваа надградба, се предвидува и голем пораст на продажбата на AirPods, кои следната година би требало да бидат продаденк во 55 милиони парчиња.

Освен можностите за безжично полнење, овој модел би требало да ја вклучува и поддршката за Bluetooth 5.0 и унапредениот чип од W-серијата кој ги покренува AirPods.

На почетокот на 2020. година, Apple би требало да објави сосема променет модел на AirPods, односно нивната втора генерација со освежен дизајн и евентуално со нови можности. Доверливиот аналитичар Kuo додава дека само околу 5 проценти од сопствениците на iPhone поседуваат AirPods слушалки, па Apple во тој сегмент има голем потенцијал за раст – посебно ако знаеме дека во светот се активни над милијарда iPhone уреди.